11 октомври, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАГолеми гужви на границата со Грција, патниците нервозни

Големи гужви на границата со Грција, патниците нервозни

Гужвите на македонско-грчката граница, односно преминот „Богородица“ станаа постојана слика за време на викендите. Стотици автомобили, долги колони, кои чекаат на четири ленти е сликата и од овој викенд. Според АМСМ се чека од 15 до 20 минути за да се помине границата. Во пракса, според возачите, тоа е и до 40-50 минути стоење во место.

Најголем дел од автомобилите на граничниот премин „Богородица“ кои чекаат да поминат граница се со македонски и српски туристи. Чекањето во место предизвикува нервоза кај патниците. Тие посочуваат дека оваа слика се повторува од година во година – а решение нема.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП