6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВработувањето во САД значително забави во јуни

Вработувањето во САД значително забави во јуни

Вработувањето во САД значително забави во јуни и речиси се преполови во споредба со месечниот просек во 2022 година, објави во петокот Министерството за труд.

Во јуни се отворени 209 илјади нето нови работни места во најголемата светска економија, по 306 илјади во мај, покажуваат ревидираните податоци.

Новите податоци покажуваат дека во мај и април се отворени 110.000 работни места помалку отколку што покажаа претходните проценки на Министерството.

Податоците за јуни се пониски од месечниот просек во првите шест месеци од годинава, кој изнесуваше 278 илјади, и речиси половина послаб од просекот од 399 илјади новоотворени работни места месечно во 2022 година.

Најголем дел од новите работни места беа отворени во владините служби, секторот за здравствени услуги, системот за социјална заштита и градежништвото.

Нето на приватниот сектор отвори 149.000 нови работни места, а државата 60.000. Во првите шест месеци од годинава државата во просек отворала речиси три пати повеќе работни места месечно отколку во 2022 година, забележува Министерството.

Стапката на невработеност се лизна во јуни за 0,1 процентен поен во однос на мај, на 3,6 отсто, при што невработени се околу шест милиони граѓани.

Од март минатата година, стапката на невработеност е во опсег од 3,4 до 3,7 отсто, повтори Министерството.

Просечната саатница е зголемена за 0,4 отсто во однос на мај, на 33,58 долари. Во однос на истиот месец лани е зголемен за 4,4 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП