3 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАГерасимовски му ја преполови квадратурата на Чифлиганец во зградата карши МТВ

Герасимовски му ја преполови квадратурата на Чифлиганец во зградата карши МТВ

Општина Центар речиси ја преполови зградата на Адора Инжењеринг која беше планирана со старото планско решение од 2011 година.

Се однесува на зграда која требаше да се протега на речиси целиот паркинг кај хотелот ВИП, односно меѓу кампусот на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и трговскиот центар Ист гејт. Тој објект требаше да има 14 нивоа, односно приземје, 12 ката и поткровје на целиот влок, со вкупна висина од 42 метри од почетокот до крајот.

Во новиот ДУП за Крњево 2 кој го донесе Советот на Општина Центар се предвидува објектот да биде во три дела, од кои најнискиот ќе има седум, 11, а највисокиот 18 ката.

Со стариот ДУП се предвидуваше зградата на Чифлиганец да се простира на околу 4.100 квадратни метри во основата, а вкупно да се изградат над 57 илјади квадрати развиена површина (станови, ходници и други простории), додека, според информациите од Советот, сегашната развиена површина е намалена за околу една третина. Односно претходно имал 57.456 бруто развиена површина, а со новите измени има 33.000 квадрати или намалените за околу 20.000 квадрати.

Севкупно, развиената површина на објектите за домување во целиот ДУП за Крњево 2, не само за споменатиот простор е намалена од 144.931 м2 на 93.640 м2, односно за 35%.

Новите измени носат и други придобивки како зголемено зеленило, подобри сообраќајни решенија, нова и прва градинка во Крњево.

Општина Центар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП