2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДигиталното евро доаѓа за четири години

Дигиталното евро доаѓа за четири години

Дигиталното евро ќе стане секојдневие за само неколку години, изјави претседателот на германската Бундесбанк, Јоаким Нагел. За околу четири години, „ќе можеме да плаќаме со дигитално евро“, рече Нагел во интервју за подкастот за пари и политика Cashflow. „Тоа, верувам, е реален рок.

Подготовките за дигитална верзија на европската валута траат со години.

Европската комисија на крајот на јуни претстави предлог за правна рамка за дигиталното евро, според која тоа ќе стане официјално платежно средство, но нема да ги замени банкнотите и монетите. Во октомври Европската централна банка ќе донесе одлука за продолжување на работата на дигиталната валута, пишува ДПА.

За разлика од криптовалутите како биткоинот и етерот, чии девизни курсеви често силно флуктуираат, воведувањето на виртуелна европска валута на приватните инвеститори ќе им понуди постабилна алтернатива во однос еден на еден со класичното евро.

Дополнително, со дигиталното евро, Европа ќе има своја понуда за дигитални плаќања, како алтернатива на неевропските даватели на платежни услуги како што е американскиот гигант Paypal.

Би било „сосема логично и очекувано централните банки да го прошират својот опсег на дигитални валути и да обезбедат сигурна инфраструктура“, рече Нагел. „Луѓето, како и банките, кои ни се потребни за дигиталното евро, наскоро ќе видат дека нуди нова шанса, нови финансиски производи кои поттикнуваат финансиска вклученост.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП