5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата „Брент“ падна

Цената на нафтата „Брент“ падна

Цените на суровата нафта, кои пораснаа по веста дека Саудиска Арабија ќе продолжи со доброволните намалувања на производството во август, и дека Русија ќе им се придружи, реагираа поинаку во средата наутро. Додека цената на референтната нафта Брент падна, американскиот WTI порасна на вредност.

Неизвесноста на нафтените пазари ги натера трговците да се борат да ги балансираат економските ризици со намалувањето на понудата, иако тоа не е нивна единствена грижа, пренесува OilPrice. Порталот цитира анализа на Financial Times која сугерира дека зголемената цена на капиталот ја одржува цената на нафтата ниска.

Кога Саудиска Арабија претходно оваа недела објави дека ќе го продолжи своето доброволно намалување на производството од 1 милион барели дневно до август, можеби и понатаму. Истовремено, Москва најави дека ќе го намали производството на нафта во август за 500.000 барели дневно, што наиде на позитивен одговор од пазарот.

Комбинацијата на овие извештаи во нормални околности би требало да ги подигне цените за најмалку една недела, велат аналитичарите, но оваа недела реакцијата на пазарот на добрата вест траеше помалку од еден ден. Аналитичарите предвидуваат дека пазарот ќе биде неодлучен уште некое време, фокусирајќи се на економските показатели во Кина и на монетарната политика на централните банки, пренесува Ројтерс.

Во средата наутро, нафтата од типот „Брент“ се тргуваше по 75,47 долари за барел, а нафтата „WTI“ за 70,52 долари за барел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП