18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманските и американските компании продолжуваат да заработуваат милијарди долари во Русија

Германските и американските компании продолжуваат да заработуваат милијарди долари во Русија

Над 260 германски компании се уште се активни во Русија, со обрт од над 23 милијарди долари, објави германскиот јавен сервис АРД.

„Германските компании во 2022 година и платиле даноци на руската држава во износ од 402 милиони долари“, пренесува АРД, повикувајќи се на податоци од школата за економија во Киев.

Според истите податоци, во моментов во Русија се активни 262 компании, кои во 2022 година оствариле промет од 23,2 милијарди долари.

По рускиот напад на Украина во февруари 2022 година и воведувањето санкции против Русија, голем број германски компании ја напуштија таа земја, но многу поголем број, околу две третини, останаа активни.

Најголем промет лани, со 3,4 милијарди долари, во Русија оствари германскиот трговски концерн Метро.

Претставници на оваа компанија за весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ изјавија дека нивното работење во Русија не ги прекршува санкциите што Европската унија ги воведе кон оваа земја.

„Нашиот бизнис целосно ги исполнува условите наметнати од санкциите на ЕУ“, изјавија претставници на Метро, ​​кои најавија дека ќе продолжат да бидат присутни во Русија.

Втората по големина германска компанија во Русија, енергетската фирма „Унипер“ најави неодамнешно заминување од оваа земја.

Според АРД, другите германски компании активни во Русија не ги прекршуваат санкциите на ЕУ.

Компаниите од САД се поактивни во Русија од германските компании кои во 2022 година оствариле промет од 40 милијарди долари, а во руската каса платиле даноци од 712 милиони долари.

Од странските компании кои се активни во Русија, најголемиот број од нив остваруваат приход преку продажба на тутун и алкохол, а предничат јапонската „Japan International Tobacco“ и американската „Philip Morris“. Швајцарската Нестле е меѓу западните компании со најголеми приходи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП