2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританија е единствената голема економија каде што инфлацијата расте

Британија е единствената голема економија каде што инфлацијата расте

Обединетото Кралство е единствената земја меѓу групата седум најбогати нации каде инфлацијата сè уште расте, покажуваат податоците на Организацијата за економска соработка и развој, цитирани од „CNBC“.

Организацијата со седиште во Париз во вторникот соопшти дека годишната инфлација на Г-7 паднала на 4,6 отсто во мај од 5,4 отсто во април, достигнувајќи го најниското ниво од септември 2021 година.

Надолен тренд беше забележан во повеќето напредни економии во мај, со пониска инфлација од година во година во САД, Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија.

Сепак, излегува дека Британија е надвор од овој тренд.

Потрошувачките цени во Обединетото Кралство за сите артикли се зголемија за 7,9% во мај во однос на претходната година, објави ОЕЦД, малку повеќе од 7,8% во април.

Ова се случува кога некои од главните централни банки сигнализираат мало олабавување на нивните агресивни монетарни политики, истакнува „CNBC“.

Сепак, минатиот месец Банката на Англија ги зголеми каматните стапки за 50 базични поени на 5%. 13-то по ред зголемување на каматните стапки на „BoE“, чие ниво ги изненади аналитичарите и инвеститорите, ја турна основната стапка на највисоко ниво од 2008-ма година и ги засили стравувањата од пад на хипотекарните кредити.

Годишната инфлација, мерена преку индексот на потрошувачките цени, значително забави на 6,5% во мај, што е намалување од 7,4% во април. Ова значи дека вкупната инфлација на ОЕЦД сега е на најниско ниво од декември 2021-ва година.

Помеѓу април и мај, ОЕЦД објави дека инфлацијата паднала во сите набљудувани земји, освен Холандија, Норвешка и Обединетото Кралство.

Во сите земји на ОЕЦД, стапките на инфлација се движеа од помалку од 3 отсто во Костарика, Грција и Данска до над 20 отсто во Унгарија и Турција, соопшти организацијата.

Базичната инфлација, која ги исклучува нестабилните цени на храната и енергијата, се намали со многу побавно темпо во 33 земји на ОЕЦД, достигнувајќи 6,9% во мај, што е намалување од 7,1% во април.

Во меѓувреме, енергетската инфлација се намали на -5,1% на годишно ниво во мај, што е намалување од 0,7% во април.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП