Доколку новите „Dr Dre beats Studio“ слушалки не ви беа доволно шик, оваа нова декорирана верзија сигурно ќе ви биде…
Неодамна претставени во Европа, овие слушалки се украсени со кристали, благодарение на кој друг ако не на „Crystal Rocked“ брендот.
Компанијата украси неколку пара слушалки со преку 3.000 „Swarovski“ елементи. И, пред да се откажете од новата верзија, мислејќи дека тоа се истите слушалки само украсени со кристали, знајте го ова, овие слушалки имаат уште некои нови додатоци, како „Adaptive Noise Canceling“, 20-часовна дополнувачка батерија и „remote talk“ опција.
По украсувањето на „Dr Dre Beats“ слушалките со „Swarovski“ кристали и златната верзија на „Beats Studio“ слушалките, „Crystal Rocked“ во потполност ја редизајнираше и повторно ја осмисли новата реинкарнација на овие фантастични слушалки.
Нивната цена е 1.000 долари, а моментално се достапни во „Crystal“ односно бела боја, „Jet Hematite“ односно црна боја и „Siam“ односно црвена боја.