2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШефот на Агенцијата за енергетика: Цените на енергенсите може повторно да растат

Шефот на Агенцијата за енергетика: Цените на енергенсите може повторно да растат

Цените на енергенсите би можеле повторно да пораснат оваа зима, предупреди Фатих Бирол, шеф на Меѓународната агенција за енергија (IAE).

„Доколку се реализира сценарио во кое кинеската економија е многу силна и купува многу енергенти на пазарот, а во исто време зимата е тешка, можно е да се зголеми цената на природниот гас, што дополнително ќе ги оптоварува потрошувачите“, рече Бирол во интервју за BBC Today.

Тој рече дека владите треба да штедат енергија и да ги поттикнуваат обновливите извори на енергија.

Бирол додаде дека многу европски влади направиле „стратешки грешки“, вклучително и прекумерна зависност од Русија и дека надворешната политика е „заслепена“ со краткорочни деловни одлуки, јави Танјуг.

Тој се осврна и на климатските цели на светските влади, нагласувајќи ја важноста од намалување на потрошувачката на енергија.

„Доколку светот е сериозен во борбата против последиците од климатските промени, ќе мораме значително да ја намалиме потрошувачката на нафта и гас во наредните години“, рече шефот на IAE.

Според него, доколку се намали потрошувачката, постојните наоѓалишта на нафта и гас ќе бидат доволни за да се задоволи побарувачката за овие извори на енергија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП