5 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАСемејството на починатиот Кико собраните пари ги донираше за малиот Стефан

Семејството на починатиот Кико собраните пари ги донираше за малиот Стефан

По смртта на Кико, собраните средства од хуманитарниот концерт семејството одлучи да ги пренаменети за лекување на Стефан кому му е потребен респиратор.

Станува збор за сума од половина милион денари со цел ова дете да може да продолжи да живее.

За донацијата објави јутјуберот Стефан Лазаров на својот фејсбук-профил.

„Како што најавив пред 2 дена, ова утро од семејството Коцеви е извршена донација во вредност од 500.000 денари. Ова е од Кико за Стефан. Голем респект од мене за Горан, Катерина и Никица, семејство со вистински вредности, чесно и хумано. Заслужувате многу…, а на малиот Стефан му посакувам бргу да закрепне“, напиша Лазаров на својот фејсбук-профил.

Кристијан Коцев-Кико, момчето за кое цела македонска јавност се крена на нозе за да собира донации за негово лекување, почина пред една недела. Момчето требаше итно да замине на третман во Турција, но поради влошување на неговата здравствена состојба поради неговата ретка болест, тоа не се случи. Тој последно се лекуваше во приватна болница во Скопје, каде што лекарите се бореа за неговиот живот.

Народот за четири дена собра пари за неговото лекување преку хуманитарната акција, која ја почна јутјуберот Стефан Лазаров.

Дваесетгодишното момче Кико имаше ретка и тешка болест, атаксија-телеангиектазија, која бргу прогресира и за кратко време доведува до сериозна состојба. По влошувњето на здравствена состојба, беше сместен во приватна болница во Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП