4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗошто толку малку Германци оваа година одат на одмор?

Зошто толку малку Германци оваа година одат на одмор?

Анализата за состојбата на германскиот туристички пазар пред десет дена ја објави угледниот портал „Der Spiegel“.

Во анализата се наведува дека веќе оваа година четвртина од сите Германци немаат доволно пари за одмор. Ова го покажа репрезентативното истражување на Институтот за истражување на јавното мислење „Civey“ за овој весник. Ова ги погодува не само класите со најниски примања, туку и солидната средна класа: околу една петтина од сите домаќинства со нето месечен приход меѓу 2.500 и 3.500 евра.

Според истражувањата и анкетите на овој весник, буџетот за патувања на средната класа е претежно помеѓу 1.000 и 3.000 евра. Од друга страна, расте бројот на оние чиј буџет е над 7.000 евра.

Учеството на трошоците за годишен одмор во приходот на домаќинствата во 2022-ра година се зголеми за 0,6 процентни поени, а трошоците за ден на одмор вртоглаво се искачија на 103 евра во просек: 18 отсто повеќе отколку во 2019-та година.

Дури и многу богати луѓе тешко се помируваат со фактот дека летот на Кондор до Малдиви чини 20.302 евра во бизнис класа. Други сѐ уште не се решени каде да одат: речиси четвртина од Германците кои сакаат да одат на летен одмор не резервирале до средината на јуни, пишува „Der Spiegel“.

Тие наведуваат дека најбогатите десет отсто од Германците поседуваат речиси 60 отсто од вкупното богатство.

„Од финансиската криза и короната излегоа уште побогати. Од друга страна, средната класа се бори со реални загуби на платите три последователни години и со страв од социјален пад“, пишуваат понатаму и посочуваат дека тоа може да доведе до социјални тензии.

Но, она што сигурно ќе се случи е дека навиките за патување ќе се сменат бидејќи ерата на поевтини и масовни патувања е очигледно зад нас.

„Der Spiegel“ наведува кои дестинации се најскапи оваа година, а тоа е Шпанија на Медитеранот. Хрватска е некаде во опсегот на Италија и Грција, а Турција е нешто поевтина. До 2012-та година Германија беше водечка со САД по бројот на патувања на глобално ниво, но и тоа се промени. На сцена стапи Кинезите, но и Русите, Индијците…

„Der Spiegel“ наведува дека туристичката индустрија е сè помалку зависна од Германците и дека тие или ќе треба да почнат да трошат повеќе или да бидат заменети од патници од други земји.

„Богатите Кинези, Индијци и Руси ја истиснуваат германската средна класа“, заклучуваат аналитичарите во овој германски весник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП