3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОсновната инфлација во еврозоната повторно се забрзува сопнувајќи ја ЕЦБ

Основната инфлација во еврозоната повторно се забрзува сопнувајќи ја ЕЦБ

Главната инфлација во еврозоната забави на проектираните 5,5 отсто во јуни, покажуваат прелиминарните податоци на европската статистичка служба Евростат. Сепак, базичната инфлација, која ги исклучува нестабилните цени на горивата и храната, минимално се забрза од претходниот месец.

Според податоците, целокупното забрзување на цените овој месец беше 5,5%, од 6,1% во мај.

Гледајќи ги главните компоненти, сегментот храна, алкохол и тутун забележа највисока стапка на поскапување овој месец од 11,7% (по 12,5% во мај), проследено со неенергетски индустриски производи со 5,5% (5,8% во мај), услуги за 5,4% (5% во мај) и енергетски производи за -5,6% (-1,8% во мај).

Основната годишна инфлација во областа на единствената валута во јуни беше проценета на 5,4%, што е повеќе од 5,3% минатиот месец. Тоа е, исто така, малку под просечната проценка во анкетата на „Bloomberg“ на економисти во услови на нагло зголемување на цените на услугите.

Забрзувањето на клучниот показател, кое забави во мај, може да се покаже како пречка за Европската централна банка (ЕЦБ) и да ја зајакне нејзината решеност повторно да ги зголеми каматните стапки следниот месец.

Регулаторот со седиште во Франкфурт наскоро ќе ја одбележи првата годишнина од својата кампања за заострување на монетарната политика. Друго зголемување на стапката во јули е „остварен факт“, според заменик-гувернерот на институцијата, Луис де Гуиндос. Според него, засега е отворено прашањето дали ќе има повторно зголемување на каматите во септември.

Податоците претходно во неделата покажаа дека шпанската инфлација успеа да падне под целта на ЕЦБ од 2%. Таа на Франција, Италија и Холандија исто така забавува, иако останува над целта.

Но, растот на потрошувачките цени во Германија забрза на 6,8%, поттикнат главно од ултра евтините билети за јавен превоз што владата ги воведе минатата година за да помогне во справувањето со зголемените цени на горивото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП