1 мај, 2024
ПочетнаСВЕТФранцуската полиција уапси стотици демонстранти, едно лице загина

Француската полиција уапси стотици демонстранти, едно лице загина

Во Франција помина четвртата ноќ на немири и насилство низ земјата, предизвикани од смртоносното пукање на полицаец во тинејџер.

Според министерот за внатрешни работи, Гералдо Дерманин, до 3 часот по полноќ биле уапсени 471 лице.

Во ноќта меѓу петокот и саботата, младите демонстранти се судрија со полицијата и уништија и ограбија продавници и автомобили.

Иако Дарманин за ТВ БФМ за време на посетата на полициската единица во предградијата на Париз изјави дека синоќешното насилство било „многу помалку интензивно“, пожарникарите се во предградието Нантер, каде што полицаецот во вторникот застрела и уби тинејџер затоа што не го запрел автомобилот, гаснеа пожари подметнати од демонстрантите.

Во соседното предградие Коломбе, демонстрантите превртеа корпи за отпадоци и ги користеа за импровизирани барикади, јавува Франс 24.

Во петокот вечерта, 80 лица беа уапсени во Марсеј, вториот по големина град на југот на Франција.

Видеата објавени на социјалните мрежи сведочат за експлозијата што го потресе старото пристаниште во градот.

Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата.

Демонстрантите ограбија продавница за оружје во центарот на Марсеј и украдоа неколку ловечки пушки, но без муниција, соопшти полицијата.

Едно лице е уапсено со пушка, најверојатно од ограбена продавница, која сега ја обезбедуваат органите на редот.

Млад човек загина откако падна од покривот на супермаркет во предградието на северниот француски град Руан за време на немири, соопштија локалните власти.

Како што пренесува Ројтерс, повикувајќи се на неименуван полициски извор, младиот човек паднал од покривот додека бунтовниците ограбувале супермаркет.

Од Државното обвинителство претходно за ТВ БФМ изјавија дека врз основа на истрагата која е во тек, не е утврдено дека продавницата била цел на обид за грабеж.

Насилство избувна и во некои прекуокеански територии на Франција.

Околу 150 полицајци беа распоредени на малиот остров Реунион во Индискиот Океан во петокот вечерта, откако демонстрантите запалија корпи за отпадоци, фрлаа камења врз полицијата и оштетија автомобили и згради, соопштија властите.

Полицијата: Ова ниво на насилство е тешко да се разбере

Во Француска Гвајана, 54-годишен маж беше убиен од заскитан куршум во четвртокот вечерта кога демонстрантите пукаа врз полицијата во главниот град Кајен, се вели во официјалното соопштение.

„Ова ниво на насилство е тешко да се разбере“, рече префектот на полицијата во Кајен, Филип Гос на прес-конференција.

Минатиот вторник полициското убиство на 17-годишникот, кој беше идентификуван само како Нахел, предизвика бран на незадоволство и судири меѓу полицијата и младите во приградските станбени населби за социјално загрозеното население.

Претседателот Емануел Макрон апелираше до родителите да ги држат децата подалрку од улица и ги обвини социјалните мрежи за поттикнување на немирите, велејќи дека се чини дека некои млади луѓе копираат насилни видео игри.

На кризната средба со Владата тој најави дека Министерството за внатрешни работи ќе мобилизира „дополнителни средства“ за да се справи со насилството на протестите и ја осуди „неприфатливата експлоатација на смртта на адолесцент“.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин изјави дека во протестите кои уследија по смртта на 17-годишниот Нахел М се приведени речиси 1.000 луѓе, а меѓу нив има и 13-годишни деца, пренесува Анадолија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП