26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКронен Цајтунг: Цените во Хрватска скокнаа до небо

Кронен Цајтунг: Цените во Хрватска скокнаа до небо

Хрватска повеќе не е евтина дестинација, пишува австрискиот весник „Кронен цајтунг“ и забележува дека цените во оваа земја вртоглаво пораснале по воведувањето на еврото.

„Путер за 4,5 евра, пица за 18 евра и паркинг за 40 евра – она ​​што звучи како луксузен одмор во скапата Швајцарија се случува во некогаш евтината земја за одмор. Во Хрватска цените вртоглаво пораснаа од воведувањето на еврото“, пишува австрискиот весник.

Се потсетува дека Хрватска на 1 јануари годинава премина на еврото и дека во исто време се укинаа граничните контроли со земјите од ЕУ, што, како што велат, е радост за туристите.

Но, тоа не е случај со цените во Хрватска, пишува весникот.

„Моментално сум на одмор во Хрватска и овде е поскапо отколку во Австрија“, изјави за весникот една читателка, која, како што вели, ја нервираат „некои јадења кои и без прилози имаат неверојатна цена“, пренесува хрватскиот портал Индекс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП