2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАBeats Audio и натаму во уредите на HTC?

Beats Audio и натаму во уредите на HTC?

beats

Иако „Beats“ ги откупи сите свои акции кои беа во сопственост на „HTC“, изгледа дека „Beats Audio“ и натаму ќе биде дел од „HTC“ уредите.

Лук Вуд од „Beats“ потврди дека „HTC One Max“ ќе го има „Beats Audio“. Со оглед дека телефонот е блиску до своето претставување, би било многу комплицирано да се отстрани целиот „Beats Audio“ софтвер и драјверите.

„HTC One Max“ би требало да има екран со 1080p и големина од 5.9 инчи, како и „Snapdragon 800“ процесор.

Претходно на некои фотографии од овој модел кои се појавуваа на интернет се најавуваше дека, „One Max“ ќе има скенер за отпечаток на прстите, кој ќе биде сместен на задната страна на телефонот.

Изгледа дека и „HTC“ се согласува со „LG“, кој тврди дека поставувањето на копчиња на задната страна на телефонот се навистина функционални.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП