2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија со 10 милијарди еврa планира да ги забрани котлите на фосилни...

Германија со 10 милијарди еврa планира да ги забрани котлите на фосилни горива

Германската влада ќе обезбеди до 10 милијарди евра до 2027-ма година за да ги ублажи трошоците на потрошувачите за задолжителното исфрлање на котлите со фосилни горива во земјата, објави „Bloomberg“, цитирајќи извори запознаени со планот.

Вредноста на годишната федерална поддршка ќе изнесува 2,5 милијарди евра и ќе биде финансирана од германскиот специјален фонд за клима и трансформација.

Фондот е формиран минатата година за да обезбеди средства за мерки за заштита на животната средина и транзиција кон почиста економија.

Договорот за големината на помошта доаѓа по неколкумесечни расправии во владејачката коалиција околу дизајнот на контроверзната легислатива за греење, на која сè уште му треба одобрение од парламентот.

Германскиот таблоид „Bild“ го опиша законот, кој беше предложен од министерот за економија Роберт Хабек, како „топлински чекан“ поради трошоците што потенцијално им ги наметнува на граѓаните. Со него од следната година практично се забранува инсталирање на нови котелски системи за фосилни горива.

По негодувањето на јавноста, законот беше променет. Оваа недела коалицијата се согласи да субвенционира до 70% од инвестициските трошоци за новите топлински пумпи, доколку сопствениците на куќи реагираат брзо.

Во моментов државата покрива само до 40 отсто, а трошоците за вакви уреди на електричен погон достигнуваат и до 35 илјади евра.

Во посебен закон, општините мора да поднесат план најдоцна до 2028-ма година за тоа како имаат намера да го деемисираат снабдувањето со топлинска енергија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП