2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Црна Гора просечната плата во мај 793 евра

Во Црна Гора просечната плата во мај 793 евра

Просечната плата без даноци и придонеси во мај, според податоците на Заводот за статистика на Црна Гора Монстат, изнесува 793 евра и е за 0,9 отсто повисока од април.

Просечната нето плата во мај, во однос на истиот месец лани, е зголемена за 11,7 отсто, а просечната бруто-плата во мај изнесува 988 евра, пренесува Мина.

„Ако се земе предвид дека потрошувачките цени во мај во однос на април бележат раст од 0,5 отсто, произлегува дека реалната заработка за истиот период бележи раст од 0,4 отсто“, се наведува во соопштението.

Просечните плати без даноци и придонеси во мај се зголемени во однос на април во секторите сместување и прехранбени услуги за 2,8 отсто, земјоделство, шумарство и рибарство за 1,9 отсто, административни и помошни услужни дејности и државна управа и одбрана: задолжително социјално осигурување за 1,8 отсто, здравствена и социјална заштита 1,6 отсто, градежништво 1,5 отсто, трговија на големо и мало, поправка на моторни возила и мотоцикли 1,4 отсто и стручни, научни и технички дејности и уметнички забавни и рекреативни активности по 1,3 отсто.

Раст е забележан и во секторите транспорт и складирање и финансиски дејности и осигурување од по еден процент, информации и врски од 0,9 отсто, водоснабдување и управување со отпадни води од 0,7 отсто, образование од 0,4 отсто и други услужни дејности од 0,3 отсто.

Намалување на нето заработката во мај, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1 отсто, рударството и каменот и бизнисот со недвижности за 0,6 отсто и преработувачката индустрија за 0,2 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП