26 април, 2024

ASTON MARTIN RAPIDE S

aston1

„Aston Martin“ службено го претстави новиот „Rapide S“, атрактивна лимузина со 4 врати чија ознака „S“ дава до знаење дека станува збор за модел со зголемена сила.

„S“ верзијата ја движи атмосферски, 5,9 литарски В12 мотор од 558 КС. Во однос на претходната верзија, тоа е зголемување за дури 81 КС, исто така, и вртежите се зголемени од 600 на 620 Нм.

aston3

Благодарение на овие измени, „освежениот“ „Rapide S“ постигнува брзина од 100 км/ч за 4,9 секунди, со што за 0,3 секунди е побрз од својот претходник. Крајната брзина изнесува вртоглави 306 км/ч. Иако има повеќе сила, „Rapide S“ троши помалку гориво (14,1 л/100 км) и емитува помалку ЦО2 (332г/км).

aston5

Дизајнот на возилото не се промени значајно, но може да се забележи преправената предна решетка и задниот спојлер. Купувачите, исто така, можат да го одберат таканаречениот карбонски пакет кој вклучува и преден сплитер, рамки на задните светла, заден дифузер и куќиште за ретровизорите од јаглеродни влакна.

aston4

Во внатрешноста на патничката кабина има детали во црна боја и опционален „Duotone“ кожен тапацир во црвено-црна комбинација. Со спуштањето на задните седишта се прави багажен простор од импресивни 900 литри. Од интересните додатоци се истакнуваат мултимедискиот систем со екран за задните седишта и камера за возење наназад. Продажбата стартува следниот месец, а цената ќе се движи околу 178.000 евра.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП