3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкок на минималната плата во Германија: Кога работниците ќе почнат да добиваат...

Скок на минималната плата во Германија: Кога работниците ќе почнат да добиваат зголемени плати?

Германската комисија надлежна за утврдување на границата на минималната плата во Германија, во понеделникот го усвои предлогот за зголемување на минималната плата, кој го даде Стручната комисија за следење и анализа на минималната плата составена од претставници на германските работодавачи и трговски синдикатите.

Затоа, законската минимална плата во 2024-та година треба да се зголеми за 41 цент, односно од 12 на 12,41 евро на час.

Во следниот чекор, на почетокот на 2025-та година, висината на минималната плата треба да се зголеми на 12,82 евра на час. Предлогот допрва треба да го одобри сојузниот министер за труд Хубертус Хајл, што може да се очекува наесен.

Зголемувањето на минималната плата ќе „погоди“ речиси шест милиони вработени во Германија. Минималната плата последен пат е зголемена на 1-ви октомври 2022-ра година од 10,45 евра на 12 евра.

При одлучувањето за зголемување на платите, Комисијата се води од развојот на колективно договорените плати, но треба да се внимава да се обезбеди вработување. Никогаш од воведувањето на законската минимална плата во 2015-та година, Комисијата не мораше да се соочи со толку високи стапки на инфлација како во 2022-ра и 2023-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП