1 мај, 2024
ПочетнаДИЕТИДиета со дињи и лубеници: За 2 дена ќе загубите 2 килограми

Диета со дињи и лубеници: За 2 дена ќе загубите 2 килограми

Лубеницата и дињата не само што се вкусни, туку се и нискокалорични, а содржат и состојки, кои го поттикнуваат слабеењето. Со оваа диета за 2 дена може да загубите 2 килограми, а доколку ја повторите уште два дена, за вкупно 4 дена можете да намалите до 4 килограми.

ПОЈАДОКОТ е ист и се состои од 1 мала диња, двопек од интегрално жито и малку лајт маргарин.

УЖИНКИТЕ кои ги консумирате наутро и навечер се состојат од 1 парче лубеница, а може да се пие и црно кафе или чај, најмалку 2 литри минерална вода и растителни чаеви.

1 ДЕН

РУЧЕК: салата со 100 гр печен пилешки стек и зелена салата, 300 гр диња

ВЕЧЕРА: салата од 1 диња со сирење до 45 проценти масти и 1 лажица сок од портокал, црн пипер, магдонос.

2 ДЕН

РУЧЕК: диња со 70 гр шунка и црн пипер

ВЕЧЕРА: салата од 1 киви и 300 гр диња со 2 лажици масло и малку лимон, пржени 6 шкампи со лимон и магдонос.

Оваа диета истовремено делува и антицелулитно. Можете да ја држите два пати по два дена, вкупно четири дена и да намалите до 4 килограми, а поради нејзината ригорозност доколку сакате да ја повторите морате прво да направите пауза од две недели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП