3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија: Банките забрзано ги зголемија каматите на кредитите, но не и на...

Германија: Банките забрзано ги зголемија каматите на кредитите, но не и на депозитите

Банките во Германија ги зголемија каматните стапки на хипотекарните кредити повеќе од очекуваното, но слабо ги зголемуваат на штедните влогови, забележува Бундесбанк во новиот извештај.

„Вообичаено е комерцијалните банки да реагираат на промените на каматните стапки на пазарот, кои ги одредува Европската централна банка (ЕЦБ), со различно темпо и интензитет“, наведува Бундесбанк.

Сепак, анализата покажува „дека од мај 2022 година банките во Германија ја зголемија каматната стапка на станбените кредити на граѓаните повеќе од очекуваното“.

Бундесбанк го припишува неочекуваното нагло зголемување на каматните стапки на зголемените кредитни ризици за банките.

Во изминатата година, ЕЦБ постојано ги зголемуваше референтните каматни стапки во еврозоната, во најдолгиот циклус на затегнување на монетарната политика од нејзиното основање, со цел да ја потисне тврдоглавата инфлација, потсетува Дпа.

„Комерцијалните кредитори ги зголемуваа каматните стапки на депозитите побавно отколку порано“, забележа Бундесбанк.

Можни причини, според нив, се послабата конкуренција меѓу банките за привлекување депозити и неподготвеноста на штедачите да менуваат банки во потрага по повисоки каматни стапки на штедењето.

Конкуренцијата во привлекување штедачи постепено се засилува, забележува германската централна банка, што значи поголеми шанси за зголемување на каматните стапки на заштедите на граѓаните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП