4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурци заинтересирани да инвестираат во Неготинско

Турци заинтересирани да инвестираат во Неготинско

Turkey-flag

Интерес за инвестирање во откупно-дистрибутивен  центар за овошје во Неготино покажаа инвеститори од Турција, соопшти денеска градоначалникот на неготинската општина Ванчо Апостолов.

– Турците се заинтересираа за нашата нова индустриска зона, Црвени Брегови. Таму локалната самоуправа Неготино обезбедува комунално инфраструктурни предуслови  за изградба на вакви и слични капацитети. Ќе сториме се што е  во наша можност како локална самоуправа да донесеме една ваква инвестиција на неготинска територија, изјави градоначалникот Апостолов по средбата со турска делегација од Кемал Паша во Турција.

Тој додаде дека Општината е насочена кон привлекување  домашни и странски инвестиции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП