15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОПЕК и пркоси на зелената транзиција: Побарувачката за „црното злато“ ќе порасне...

ОПЕК и пркоси на зелената транзиција: Побарувачката за „црното злато“ ќе порасне за 23 отсто до 2045 година

„Нафтата е незаменлива во догледна иднина“, рече генералниот секретар Хајтам Ал Гаис од Организацијата на земјите извознички на нафта, на конференцијата „Енергетска Азија“ што се одржа во главниот град на Малезија, Куала Лумпур.

Тој додаде дека според нашата светска перспектива, се гледа дека глобалната побарувачка за нафта ќе порасне до 110 милиони барели дневно до 2045 година. Тој вели дека нафтата сепак ќе сочинува околу 29 отсто од енергетскиот микс дотогаш.

-Гледаме дека глобалната побарувачка за енергија ќе се зголеми за 23% до 2045 година – рече Ал Гаис.

Прогнозата е во спротивност со прогнозата на Меѓународната агенција за енергетика за намалување на годишниот раст на побарувачката од 2,4 милиони барели дневно во 2023 година на 400.000 барели дневно во 2028 година.

Пред две недели, ИЕА прогнозираше дека глобалната побарувачка на нафта ќе се зголеми за 6% од 2022 година на 105,7 милиони барели дневно во 2028 година, поттикната од петрохемискиот и воздушниот сектор.

Од почетокот на годината цените на нафтата паднаа за 10 отсто поради забавувањето на растот на најголемите светски економии.

Генералниот секретар на ОПЕК додаде дека недоволното инвестирање во нафтената индустрија само ќе ја доведе во прашање одржливоста на сегашниот енергетски микс и ќе доведе до „енергетски хаос“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП