3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИ кесите од 15 денари одат во заборав – од 1 јули...

И кесите од 15 денари одат во заборав – од 1 јули ќе пазариме строго со биоразградливи кеси

Без разлика на тоа дали имаат рачки или тие им се пресечени со ножици, сепак, во заборав одат и „биоразградливите“ пластични кеси што ги купуваме во маркетите за 15 денари.

Од 1 јули годинава ќе биде воведена целосна забрана за користење на овие пластични кеси, па производителите ќе мора да си набават други материјали кои ќе бидат исклучиво биоразградливи.

Произведувачите се жалат дека материјалот за изработка на биоразградливи кеси е тешко достапен за македонскиот пазар и дека се соочуваат со потешкотии во континуираното производство на овие кеси, а својата мака минастиот месец ѝ ја соопштија и на министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова.

Тие побараа да се ревидира законската регулатива и да се обезбедат еднакви услови на пазарот, односно целосно да се спречи нелојалната конкуренција со нудењето бесплатни пластични кеси.

Министерката Шукова, пак, им укажа дека нема да се случи поништување на постапката за намалување на употребата на пластичните кеси за еднократна употреба, бидејќи, како што рече, тие обврски се преземени за усогласување со законите на Европската Унија.

Сепак, таа им вети на произведувачите дека нивните предлози детално ќе бидат разгледани во координација со релевантните државни органи.

Од Министерството за животна средина брифираат дека употребата на пластичните кеси е намалена за дури 10 пати, особено во маркетите каде што намалувањето изнесува неверојатни 85 проценти.
Според законот, парите од продажбата на кесите одат во специјален фонд за животна средина, а како што дознаваме, од донесувањето на Законот досега во тој фонд се собрани над 2 милиони денари.

Б.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП