18 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКои намирници ви помагаат во процесот на слабеење

Кои намирници ви помагаат во процесот на слабеење

patlidzan1

Одредени видови на храна се толку здрави што нутриционистите ги нарекуваат суперпроизводи. Токму заради нивните добри состојки не смеете да си дозволите да ги немате на трпезата, а истата особено се препорачува ако сакате да симнете некој килограм.

Лубеница

Бидејќи лубеницата е блага, многу луѓе ја одбегнуваат затоа што мислат дека е преполна со шеќер. Напротив, препорачливо е да ја консумирате заради многу причини. Најголемата причина е што е богата со вода и со тоа ја задоволува потребата на организмот за течност.

Сладок компир

Слаткиот компир се смета за храна богата со калории и јаглехидрати и затоа многумина го заобиколуваат. И тука грешат. Нутриционистите советуваат да го консумирате слаткиот компир затоа што е еден од најдобрите зеленчуци. Тој е богат со витамин Ц и бета каротен.

Домати

Доматите се богати со ликопен кој му помага на организмот во борбата со неколку типови на рак. Добрата вест е што не морате да ги јадете само свежи. Можете и да ги консумирате зготвени, а сепак нема да загубите ништо. Дури можете да консумирате и домати кои се конзервирани.

Грав и леќа

Гравот и леќата се дел од најпопуларните производи меѓу нутриционистите. Тие се на добар глас затоа што се богати со протеини, магнезиум, железо и цинк.

Нив можете да ги консумирате на многу начини, како што е во салата или чорба на пример. Ако сакате да симнете некој килограм, диета базирана на мешунки е одличен избор. Ваквата диета ќе ви помогне да го намалите лошиот холестерол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП