26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРамос бара зголемување на платата?

Рамос бара зголемување на платата?

Sergio

Фудбалерот на Реал Мадрид, Серхио Рамос најверојатно барал од челниците на клубот зголемување на платата, за да влезе во кругот на најплатените играчи на мадридската екипа.

Покрај тоа англиските медиуми шпекулирааат дека главната причина за ова инсистирање на Рамос е и фактот дека менаџерот на Манчестер Сити, Мануел Плегрини е подготвен да го доведе во редовите на „граѓаните“ и да му понуди поголема плата од таа во Реал.

Шпанскиот репрезентативец најверојатно е незадоволен од тоа што неговиот приход е значително помал во однос на Кристијано Роналдо и Герет Бејл. Тој со потпишувањето на новиот договор сака да им се доближи на овие фудбалери, барем кога заработката е во прашање.

Рамос има уште една година од договорот со „кралевите“, а како капитен на овој клуб заслужува сличен третман како споменатите двајца играчи.

Во Реал ќе мораат во скоро време да реагираат околу договорот на Рамос, поради тоа што состојбата во клубот, поради моменталните резултати, не е на очекуваното ниво, а секако одвлекувањето ќе предизвика низа нови шпекулации во врска со судбината на Рамос во клубот.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП