27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманските пратеници го одобрија планот за привлекување квалификувани работници

Германските пратеници го одобрија планот за привлекување квалификувани работници

Германскиот парламент во петокот ги одобри плановите за привлекување повеќе квалификувани работници во најголемата европска економија за да помогне во справувањето со недостигот на работна сила во се поголем број професии.

Повеќето пратеници гласаа за планираниот „систем на бодови“ кој зема предвид професионално искуство и други фактори и е сличен на системите што ги користат другите земји, на пр. Канада, пренесува Бета.

Таквиот систем би го олеснил доаѓањето на специјалисти за информатичка технологија кои имаат квалификации, но не и универзитетски дипломи.

Барателите на азил кои пристигнале во Германија пред 29 март и имаат и квалификации и понуда за работа, можат да добијат дозвола за престој како професионалци доколку го повлечат барањето за азил, со што ќе се елиминира потребата да ја напуштат земјата и повторно да аплицираат за работна дозвола.

На висококвалификуваните работници ќе им биде дозволено да носат роднини во Германија, се додека можат да ги издржуваат.

Германија со години се обидува да привлече повеќе квалификувани работници од земји кои не се членки на ЕУ. Експертите велат дека на земјата и се потребни околу 400.000 квалификувани имигранти годишно, бидејќи работната сила во Германија старее и се намалува.

Националната агенција за вработување соопшти претходно овој месец дека нејзината годишна анализа покажала дека 200 од околу 1.200 испитани професии ќе доживеат недостиг на работна сила во 2022 година, од 148 во претходната анализа.

Меѓу професиите со недостиг на работна сила биле возачи на автобуси, услужни работници во хотели и ресторани и работници во металната индустрија.

Германија има проблеми и со недостиг на медицински сестри, во секторот за згрижување деца, градежништвото и автомобилската индустрија. И недостигаат и возачи на камиони, архитекти, фармацевти и ИТ специјалисти.

„Недостигот од квалификувани работници се смета за една од најголемите пречки за економскиот раст во Германија, а квалификувани работници се дефицитарни насекаде“, рече министерката за внатрешни работи Ненси Фезер пред пратениците.

Таа го опиша законот како „голем чекор за иднината“ на Германија.

Сепак, опозициската пратеничка Андреа Линдхолц (Линдхолц) верува дека ќе донесе неквалификувани луѓе, ќе им дозволи на мигрантите кои треба да заминат да останат во Германија и ќе ги намали барањата за јазик.

Линдхолц рече дека владата „создава нови стимулации за илегална имиграција во Германија“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП