4 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАВнукот на Ахмети не може да биде проверен како ја купил „Соравија“,...

Внукот на Ахмети не може да биде проверен како ја купил „Соравија“, бидејќи законот за потекло на имот е во фиоката кај Грковска наместо во Собрание

Антикорупциска не може да испитува како Дрин Ахмети, внук од брат на Али Ахмети, го купил трговскиот центар „Соравија“. Тие посочуваат дека немаат начин на кој би го направиле тоа бидејќи бизнисменот Дрин Ахмети, не е избрано, ниту именувано лице. Посочија и на тоа дека законот за потекло на имот, кој се подготвува, една година е заглавен во Влада и во него се сменети важни членови, без кои, неговото носење ќе биде бесмислено.

„Внукот на Али Ахмети не е избрано и именувано лице. Ние немаме директна надлежност за постапување за внукот на Али Ахмети“, рече Ивановска.

Потсети дека четири години укажуваат од важноста на овој закон.

„Почна да се подготвува работна група, се започна постапката, стаса до некоја драфт-верзија која од минатата година до денеска е во кабинетот на вицепремиерката Грковска. Сменето е името, делот каде бараме секој граѓанин да има обврска да го пријави имотот и средствата со кој е стекнат – се тоа е избришано. Се губи целта на постоење на законот. Мислам дека се изгуби многу време“, рече Ивановска.

Преку вакво законско решение, ќе треба да се докажува на кој начин е стекнат имотот и капиталот, во случај кога постои сомневање дека се надминати редовните оданочени приходи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП