4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААлбанија е со план да побара меѓународна арбитража во спорот со ЧЕЗ...

Албанија е со план да побара меѓународна арбитража во спорот со ЧЕЗ

cezalbania

Албанската Влада најави дека планира да побара меѓународна арбитража во спорот со ЧЕЗ предизвикан со  одземањето на лиценцата на чешката електроенергетска компанија.

Според албанскиот заменик-министер за енергетика Ено Боздо, Албанија ќе ги искористи сите законски средства за да добие обесштетување од ЧЕЗ.

Албанската регулаторна комисија неодамна и ја одзема лиценцата за стопанисување со енергетскиот систем во земјата на ЧЕЗ, поради „непридржување кон договорот со Владата на Албанија“.

Според Комисијата, ЧЕЗ не ги исполнила обврските од договорот кои се однесуваат на увозот на струја и на инвестиции во модернизацијата на албанскиот електроенергетски систем. Комисијата смета дека поради ова ЧЕЗ е должна да и исплати отштета на Албанија.

Експертите проценуваат дека со одземањето на лиценцата, ЧЕЗ ќе загуби најмалку 200 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП