28 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОбрнете внимание: Десет симптоми кои укажуваат дека вашето здравје е нарушено

Обрнете внимание: Десет симптоми кои укажуваат дека вашето здравје е нарушено

За да го одржиме доброто здравје, од клучно значење е да го слушаме нашето тело, бидејќи тоа понекогаш може да испрати многу суптилни знаци дека некои од неговите функции се нарушени.

Колку се послаби тегобите и колку полесно може да се најде причина зошто се појавиле, толку повеќе имаме тенденција да ги игнорираме. За среќа, многу промени во телото се привремени и не се опасни по здравјето. Сепак, постојат ситуации кои не треба да се игнорираат, бидејќи здравјето може да биде сериозно загрозено.

Освен ако не сте во менопауза, ненадејното и прекумерно потење во текот на ноќта не е нормално и може да биде симптом на рак. Тоа е затоа што некои тумори можат да растат многу брзо и може да предизвикаат преголема реакција на телото што може да се покаже како обилно потење.

Модринки

Кога често се појавуваат модринки на неколку различни делови од телото и без причина, треба да се консултирате со лекар. Покрај зачестеноста, важна е и големината на модрицата, како и појавата на крварење од мукозните мембрани, на пример усната шуплина, дигестивниот тракт, присуството на крв во урината или столицата…

Говор

Тешкотии во говорот или „заматување“ зборови може да бидат знак за мозочен удар, но и за други невролошки заболувања, од кои овој симптом најчесто се јавува како последица на мултиплекс склероза.

Ноктите

Сините нијанси на ноктите може да укажуваат на тоа дека немате доволно кислород, проблеми со срцето или белите дробови. Од друга страна, бледите нокти се поврзани со анемија, проблеми со срцето или болести на црниот дроб.

Апетит

Губењето на апетитот може да биде ран знак за рак на јајниците, особено ако е придружен со надуеност, болка во карлицата и проблеми со мочниот меур.

Ракопис

Промената на ракописот (ситно, крупно) може да биде знак за невролошки проблем, како што е Алцхајмерова или Паркинсонова болест, па дури и тумор на мозокот.

Кашлица

Ако постојано кашлате во текот на ноќта, а не се опоравувате од настинка и немате астма, ноќното кашлање може да биде ран знак за проблеми со срцето. Можно е течноста да се акумулира во белите дробови, а кога долго лежите да ве иритира до кашлање.

Главоболка

Тешката главоболка која се појавува ненадејно може да биде знак за крварење во мозокот, пукање на крвните садови, мозочен удар или менингитис.

Вкочанетост

Чувството како некој да ве боцка со игли во едната рака, кое трае повеќе од половина час и е придружено со вртоглавица или гадење, може да биде симптом на срцев удар.

Гласот

Ако рапав глас трае подолго од три недели, тоа може да биде знак за рефлукс на киселина од желудникот до хранопроводникот, кој потоа го иритира грлото. Рапав глас може да биде ран симптом на рак на грлото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП