3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПлаќате високи сметки за струја? Постои начин да заштедите!

Плаќате високи сметки за струја? Постои начин да заштедите!

Дали некогаш сте се запрашале која е вистинската цена на електричната енергија и како со неколку мали одлуки можете да ја преполовите месечната сметка за струја?

Што е тоа што секој од нас може да го прави на дневно ниво со цел да заштеди струја, а со самото тоа да заштеди и пари?

Голем дел од граѓаните се жалат дека плаќаат високи сметки за струја, а ретко кој се интересира за начините кои придонесуваат за намалување на потрошувачката, коментираат познавачите.

Денар разговараше со експерти од областа на економијата и тие ги наведуваат главните најголеми потрошувачи на енергија во домаќинството, па како што велат, со домаќинско користење на овие уреди, сметките за струја ќе ви бидат дури преполовени.

Како да спречите „растурање“ на енергијата во просторот?

Кога и да можете, користете природно светло во домот и на природна температура прилагодете го просторот во кој живеете. Тоа значи дека греењето на домот треба да го одржувате на температура до 20 степени дење и 18 степени ноќе.

Машина за перење и за сушење алишта

Дали сте знаеле дека машината троши дури 10% електрична енергија? Затоа ви предлагаме облеката да ја перете на пониска температура, по можност ноќе, бидејќи електричната енергија во текот на ноќта е поевтина за 4 пати во однос на дневната. Тоа што задолжително треба да го проверите пред да ја пуштите машината за перење е дали таа е полна со облека.

Сијалици

Дали знаевте дека обичните сијалици траат просечно 1.000 часови, додека штедливите сијалици траат повеќе од 10.000 часови? Наша препорака е да ги замените старите сијалици со лед-сијалици, да го исклучувате светлото секогаш кога е неопходно и да користите што е можно повеќе дневна светлина.

Други електрични уреди

Потрошувачката на уредите во режимот stand by може да достигне и до 6 отсто од вкупната потрошувачка на електрична енергија во домаќинството. Затоа е многу важно сите уреди кои ги користиме да ги исклучуваме од штекер, бидејќи со тоа не само што штедиме електрична енергија, туку им го продолжуваме животниот век на самите уреди.

Бојлер

Со редовно чистење на греачите од наталожениот бигор практично штедите електрична енергија и го забрзувате загревањето на водата за дури 30 проценти. Дополнително ќе заштедите ако го наместите бојлерот да работи на 60 степени.

Шпорет и подготовка на храната

Ако сакате да ја подготвувате храната во експрес-лонец, тогаш мора да знаете дека на овој начин можете да заштедите 2 до 3 пати повеќе електрична енергија. Затоа, храната подготвувајте ја во садови со големина на ринглата и заштедете до 20 проценти електрична енергија, а со тоа што ќе го исклучите шпоретот неколку минути пред да биде готово јадењето ќе ви заштеди уште 10 проценти електрична енергија.

Б.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП