22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД: Во мај падна индексот на водечките економски показатели

САД: Во мај падна индексот на водечките економски показатели

Индексот на водечките американски економски показатели на њујоршката организација Conference Board падна за 0,7 отсто во мај во однос на април на вредност од 106,7.

Тоа е 14-ти последователен месечен пад на индексот што ја покажува економската клима во САД. Аналитичарите очекуваа пад во мај.

Индексот на водечки економски показатели се состои од десет показатели кои покажуваат дали состојбата на економијата се подобрува или се влошува. Шест показатели се во пад во мај, а показателот за тековните економски услови е зголемен за 0,2 отсто.

Индексот на водечки економски показатели со месеци предупредува на рецесија, но се уште не се случила. Највисоките функционери на Федералните резерви предупредуваат дека пандемијата „Ковид-19“ ги наруши старите економски модели, така што економијата можеби нема да реагира како и обично.

„Вредноста на индексот продолжи да опаѓа во мај поради влошувањето на очекувањата на потрошувачите за условите за бизнис, индексот на новите нарачки, негативните распони на приносите и влошувањето на кредитните услови“, изјави економистот на Конференцискиот одбор, Јустина Забинска-Ла Моника.

„Водечкиот индекс е во пад во изминатите четиринаесет месеци и продолжува да укажува на послаба економска активност во иднина. Зголемувањето на каматните стапки во комбинација со постојаната инфлација ќе продолжи да ја забавува економската активност. Иако ја ревидиравме прогнозата за растот за вториот квартал од негативен на благ раст, очекуваме економијата да се намали во периодот од третиот квартал од оваа година до првиот квартал на 2024 година, додаде таа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП