2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКои европејци лани пиеле најскап, а кои најевтин алкохол? (ИНФОГРАФИК)

Кои европејци лани пиеле најскап, а кои најевтин алкохол? (ИНФОГРАФИК)

Нивоата на цените на стоките и услугите, врз основа на кои се формираат финалните потрошувачки расходи на домаќинствата, значително се разликуваат во земјите од Европската унија во 2022-ра година, пренесува Евростат.

Највисоки нивоа на цени минатата година се забележани во Ирска (146% во споредба со просечното ниво за ЕУ), Данска (145%) и Луксембург (137%), според податоците од Евростат.

Во исто време, најниски нивоа на цени во 2022-ра година се регистрирани во Романија (58%), Бугарија (59% од просекот на ЕУ) и Полска (62%).

Најзначајна разлика во земјите од ЕУ е забележана во просечните цени на алкохолот и тутунските производи. Нивните најниски нивоа се регистрирани во Бугарија (66% од просекот на ЕУ), потоа Полска (73%) и Унгарија (78%).

Алкохолот и тутунот беа најскапи во Ирска (216% од просекот на ЕУ), Финска (174%) и Данска (138%).

Значајната разлика во просечните цени на овие производи главно се должи на различните акцизни стапки со кои тие се оданочуваат во земјите на ЕУ, забележува Евростат.

На второ место според разликите во нивото на цените се рестораните и хотелите во различни земји од ЕУ.

Најниски нивоа на цени во 2022-ра година се забележани во Бугарија (51% од просекот на ЕУ), Романија (61%) и Унгарија (62%). На спротивната страна се Данска (156%), Финска (132%) и Луксембург (131%).

Според Евростат, облеката лани била и најевтина во Бугарија (80% од просечното ниво). Следат Унгарија (83%) и Романија (84%). Најскапа облека е купена во Данска (134% во однос на просекот на ЕУ), Шведска (117%) и Чешка (115%).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП