9 декември, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Telecom Italia“ бара купувачи за удел во корпоративниот бизнис

„Telecom Italia“ бара купувачи за удел во корпоративниот бизнис

Во потрага по начини да го намали својот долг, италијанскиот телеком „Telecom Italia SpA“ ги обновува своите напори да продаде малцински удел во својот корпоративен оддел, кој може да се процени на повеќе од 6 милијарди евра.

Главниот извршен директор Пјетро Лабриола почна да разговара со можните инвеститори за договор претходно овој месец, испраќајќи писма со покани, велат од „Bloomberg“, цитирајќи луѓе запознаени со ова прашање под услов да останат анонимни.

Овој потег уследи по раздвижувањето во март минатата година во одделот што им служи на деловните клиенти, што имаше за цел да го олесни одвојувањето од остатокот од организацијата.

Обидот за продажба е дел од поголемата желба на Лабриола да го намали бруто долгот на компанијата од 30 милијарди евра, план кој во голема мера се потпира на продажба на највредното средство на „Telecom Italia“, нејзината фиксна мрежа. Итноста на овој напор се зголеми во текот на изминатата година како што се зголемија каматните стапки.

Портпаролот на „Telecom Italia“ не го коментираше ова прашање.

Одделот за клиенти на претпријатијата го вклучува иконскиот бренд „Olivetti“, активностите на „cloud computing“ и центрите за податоци „Noovle“. Одделот вработува приближно 5.000 вработени, а неговите приходи во 2021-ва година изнесуваат приближно 3 милијарди евра.

Минатата година, „Telecom Italia“ ја отфрли необврзувачката понуда од „CVC Capital Partners“ за удел од 49% во својата нова единица за услуги за претпријатија бидејќи операторот се надеваше на подобра понуда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП