Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата повработен во април 2023 година, во однос на април 2022 година, изнесува 114.6.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработенво секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (28.1 %), Административни и помошни услужни дејности (21.7 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (17.8 %).

