3 мај, 2024
ПочетнаСВЕТУништен леопард - награда од милион рубли

Уништен леопард – награда од милион рубли

Руски војник кој уништи тенк Леопард од германско производство во битка во Украина, доби награда од 1 милион рубљи (11.842 долари) од приватна фондација.

Ова го соопшти руското Министерство за одбрана.

На видеото објавено од министерството, војникот Андреј Кравцов се гледа како седи на болнички кревет и добива награда од Александар Карелин, трикратен олимписки шампион во грчко-римско борење.

Министерството не соопшти кога и каде Кравцов го уништил тенкот, ниту за што се лекува во болница. На видеото се чини дека му недостасува десната рака.

Русија вели дека нејзините сили уништиле голем број борбени возила Леопард и Бредли од германско производство, испорачани од САД откако Украина започна контраофанзива претходно овој месец. Ројтерс не можеше независно да ги потврди бројките.

Министерството за одбрана минатата недела соопшти дека платило индивидуални бонуси на повеќе од 10.000 руски војници од почетокот на војната во Украина, која Москва ја нарекува „специјална воена операција“, за уништување или заробување на украинска или западна опрема. Кажано било дека цената била 100.000 рубли по тенк и 300.000 рубли за авион.

Презентирајќи го сертификатот за приватниот бонус, Карелин му рече на Кравцов: „Ова се прекрасни дополнителни плаќања за оние кои предизвикуваат значителна штета на непријателот, згора на тоа што го прави државата“.

Бонусот беше исплатен од фонд формиран од приватна група бизнисмени, пример за тоа како некои руски компании бараат начини јавно да ја покажат својата лојалност кон воената кампања на Кремљ во Украина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП