28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБрисел го замрзна предлог-законот за дигиталното евро

Брисел го замрзна предлог-законот за дигиталното евро

Законската легислатива на Европската унија која е потребна за да се постават условите за дигиталното евро, што требаше да биде објавена на 28-ми јуни, е замрзната, дознава „CoinDesk“.

Одлуката доаѓа откако нацрт-законот протече во медиумите, вклучувајќи прашања за заштитата на личните податоци и техничките параметри за таканаречената „CBDC“ (дигитална валута на централната банка), како и позицијата на министрите за финансии од блокот.

Распоредот за нацрт-законот, кој требаше да биде објавен пред да биде донесена конечната одлука од Европската централна банка за тоа дали ќе се издава валута во дигитална форма, се менуваше неколку пати. Во претходна фаза, објавувањето беше планирано уште во мај.

Последниот нацрт требаше да биде дискутиран и објавен на 28-ми јуни. Комисијата не даде објаснување за доцнењето ниту за нов датум за објавување.

За мерките претходно разговараа и министрите за финансии на еврозоната за време на редовниот состанок во четвртокот.

„Министрите ја истакнаа „важноста да се развие интересен и јасен наратив во однос на тоа каква ќе биде додадената вредност на овој развој“ во однос на економијата и животот на граѓаните“, рече ирскиот министер за финансии Паскал Донаху, кој претседаваше со состанокот.

Според неговите зборови, „во рамките на нашите институции, министрите сакаат да ја поддржат оваа работа, но и да гледаат како понатаму да го развиваме овој наратив“.

Нацрт-законот, претставен од „CoinDesk“ во минатата недела, бара да се забрани плаќањето на камата или дополнителни такси за користење на дигиталното евро.

Дигиталната валута ќе биде достапна за офлајн плаќања од првиот ден, а корисниците не треба да можат да ја програмираат за да ја ограничат понатамошната употреба, се вели во предлог-законот.

„Дигиталното евро ќе биде достапно и за онлајн и за офлајн дигитални плаќања во евра со првото дигитално издавање на еврото“, се вели во текстот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП