9 декември, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ подготвува платформа за дигитална валута на централните банки

ММФ подготвува платформа за дигитална валута на централните банки

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) работи на платформа за дигитални валути на централните банки (CDBC, Central Bank Digital Currencies) за да овозможи трансакции меѓу земјите, изјави во понеделник извршната директорка на ММФ Кристалина Георгиева.

„Дигиталната валута на централната банка не треба да биде фрагментиран национален предлог. За да имаме поефикасни и поправедни трансакции, потребни ни се системи кои ги поврзуваат земјите – потребна ни е интероперабилност“, рече Георгиева на конференцијата на која присуствуваа африканските централни банки во Рабат, Мароко, пишува Ројтерс.

„Поради оваа причина во Меѓународниот монетарен фонд работиме на платформа за глобални дигитални валути на централните банки“, рече таа.

ММФ сака централните банки да се договорат за заедничка регулаторна рамка за дигиталните валути што ќе овозможи глобална интероперабилност.

„Доколку не успееме да постигнеме договор за заедничка платформа, ќе се создаде вакуум што веројатно би го пополниле криптовалутите“, рече Георгиева.

CBDC би биле контролирани од централните банки, додека криптовалутите се скоро секогаш децентрализирани.

Веќе 114 централни банки се во некоја фаза на истражување на дигитални валути, а „околу 10 банки веќе ја постигнуваат целта“, рече директорката на ММФ.

„Ако земјите развиваат CDBC само за домашна употреба, ние недоволно го искористуваме нивниот капацитет“, додаде таа.

CBDC, исто така, може да помогне во промовирањето на финансиската вклученост и да ги направи плаќањата поевтини, рече Георгиева, истакнувајќи дека просечната цена на трансферите на пари е 6,3 отсто, а тоа е 44 милијарди долари годишно.

Георгиева нагласи дека дигиталната валута на централните банки треба да биде поддржана од средствата и додаде дека криптовалутите се инвестициска можност кога се поддржани од средства, но кога не се, тие се „шпекулативна инвестиција“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП