Пекинг го поддржува додавањето на сојузнички држави во групата БРИКС, која сега ја сочинуваат Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг.
-Кина постојано го поддржува проширувањето на БРИКС – рече таа на прашањето на новинарите да ја коментира можноста Бангладеш да се приклучи на групата.

