3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманската индустрија очекува економска стагнација во 2023 година

Германската индустрија очекува економска стагнација во 2023 година

Германската економија оваа година ќе стагнира поради високата инфлација и зголемените трошоци за задолжување, што ќе тежи врз личната потрошувачка и градежниот сектор, прогнозира Здружението на германската индустрија (BDI).

„Ние сме во рецесија. Во 2023 година, BDI очекува бруто домашниот производ (БДП) да остане повеќе или помалку на минатогодишното ниво“, изјави во понеделникот претседателот на BDI, Зигфрид Русвурм.

Забележливо закрепнување треба да следи следната година, додаде тој.

Компаниите повеќе инвестираат во опрема и патенти, а надворешната трговија ќе биде столбот на економијата, оценува БДИ, оценувајќи дека извозот на стоки и услуги годинава ќе порасне за два отсто. Увозот треба да стагнира реално поради падот на цените на енергијата и суровините.

„Ахиловата пета“ на економијата ќе биде личната потрошувачка, бидејќи потрошувачите се под притисок од високата инфлација и падот на реалните плати, посочуваат тие, издвојувајќи ја градежната индустрија, поради зголемените каматни стапки и високите материјални трошоци.

„Германија се соочува со многу големи предизвици. Политичарите мора систематски да пристапат кон прашањето за структурните реформи“, рече Русвурм, повикувајќи на подобри даночни рамки за инвестиции, побрзи процедури за планирање и добивање одобренија.

„Многу претприемачи го губат трпението и ги мачи несигурноста“, нагласи тој.

Шефот на BDI се осврна и на бизнисот во Кина по пораките од владата дека германските компании треба да ја намалат зависноста од азискиот гигант и да почнат да бараат нови пазари во Азија.

Владата под водство на канцеларот Олаф Шолц работи на стратешки документ за Кина, кој ќе биде објавен до крајот на годинава.

Министерот за економија Роберт Хабек во март навести дека тие би можеле да го ограничат извозот во Кина за да ја заштитат предноста на Германија во технологијата.

Оддалечувањето од Кина би било нереално и штетно“, велат од здружението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП