28 април, 2024
ПочетнаСВЕТOткриен тунел за бегство под некогашниот Берлински ѕид

Oткриен тунел за бегство под некогашниот Берлински ѕид

Тесен тунел за бегство од времето на Студената војна ископан под Берлинскиот ѕид неодамна беше откриен за време на градежни работи во главниот град на Германија.

Тунелот, кој е широк само 50 сантиметри и висок 70 сантиметри, е откриен под улица во центарот на Берлин, која некогаш била утврдена граница меѓу комунистичка Источна Германија и енклавата контролирана од западните сојузници.

Тунелот е откриен на почетокот на јуни, при изградба на нова станбена зона, објави во саботата локалниот берлински весник BZ. „Постоењето на тунелот веќе беше познато, но геофизичките студии покажаа дека тој е подлабоко под земја“, изјави за весникот официјален претставник од канцеларијата за историска заштита во Берлин.

Источногерманскиот режим го изгради добро одбранетиот Берлински ѕид за да ги спречи граѓаните да бегаат во капиталистичка Западна Германија. Од очај, многу луѓе се обидоа да дојдат на Запад преку подземни патишта.

Според Меморијалот на Берлинскиот ѕид, имало уште најмалку 12 тунели за бегство ископани по должината на улицата Бернауер, каде што бил откриен последниот тунел. Портпаролот на градежната компанија во саботата вечерта изјави дека тие не сакаат да го уништат тунелот или да го полнат со бетон и дека ќе преземат чекори да го зачуваат за истражувачки цели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП