2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКога на овој начин земате ЛЕКОВИ го успорувате дејството, а еве како...

Кога на овој начин земате ЛЕКОВИ го успорувате дејството, а еве како е правилно

Секој човек понекогаш, за жал, мора да пие лек. Сепак, ретко кој ќе ги прочита упатствата за одреден лек пред да започне со терапија.

Повеќето луѓе мислат дека е доволно лекарот да препише колку пати на ден е потребно да се пие. Од друга страна, дури и ако сте од оние луѓе кои го читаат секое упатство, веруваме дека веројатно ви се случило да испиете апче со првиот пијалок што ви дошол при рака.

Сепак, ова е голема грешка, бидејќи во некои случаи на овој начин може да се поништи дејството на лекот.

Се препорачува секогаш да ја пиете таблетата само со вода која била на собна температура, бидејќи кога лекот се зема во комбинација со ладен пијалок, многу долго време треба за да се распадне.

Може да потрае и до 40 минути, што значи дека може да се случи дури и цревата да не го апсорбираат лекот правилно. Истражувачите и експертите предупредуваат дека лекот не треба да се пие со други пијалоци како замена за вода. Кафето, млекото или соковите дефинитивно го забавуваат разградувањето на апчињата, затоа избегнувајте ги што е можно повеќе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП