28 април, 2024
ПочетнаСВЕТНе е фустан: Знаете ли што значи ознаката на женскиот тоалет?

Не е фустан: Знаете ли што значи ознаката на женскиот тоалет?

Машкиот знак има панталони, женскиот знак е фустан – барем така мислевме до неодамна, додека компанијата Axosoft од Аризона не создаде кампања за изедначување на мажите и жените во одредени традиционално машки занимања и како дел од неа открија дека тоа всушност никогаш не се работело за фустан на знакот на женскиот тоалет.

Тања Катан од Axosoft тврди дека триаголникот никогаш не требало да претставува фустан, туку наметка, па затоа велат дека жените можат да бидат суперхерои, пишува The Mirror.

„Во науката, технологијата, уметноста, математиката, политиката, на улиците и во нашите домови, жените често се невидливи, непоканети или едноставно заобиколени. Девојките и жените кои се заинтересирани за наука, технологија, механика и математика се малцинство“, вели компанијата.

Целта на кампањата “It was never a dress” е да поттикне разговори за прифаќањето на жените во која било професија.

Не се работи само за еднаквост на жените, туку и за пополнување на големиот недостаток на работни места во многу занимања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП