3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА1,5 милијарди долари е досега штетата од браната „Каховка“

1,5 милијарди долари е досега штетата од браната „Каховка“

Штетата од експлозијата на хидроцентралата „Каховка“ и уништувањето на браната се проценува на 1,5 милијарди долари, според прелиминарните проценки на локалните власти, објавени од шефот на воената управа, Алексеј Прокудин. Во својот канал на „Телеграм“ тој известува дека се поплавени околу 55.000 хектари шуми.

„Водата, која поради овој терористички чин повеќе не е погодна за пиење, на целиот свет би му била доволна два дена“, истакнува и Прокудин.

Украина ќе врши постојан мониторинг на состојбата на животната средина и епидемиолошката состојба, се работи и на обезбедување на водоснабдување на погодените региони – Херсон, Миколаев, Днепропетровск и Запорожје, со дупчење нови бунари. Пред неколку дена премиерот на Украина Денис Шмихал објави дека владата издвојува 2,4 милијарди гривни за да обезбеди вода во регионот.

Бунарите се само привремено решение, коментираше и украинскиот премиер на социјалните мрежи. Тој објасни дека се планираат нови водоводни цевки и објекти за решавање на проблемот со водоснабдувањето.

„Укрхидроенерго“ објави дека реставрацијата на ХЕЦ „Каховка“, која е последен објект од каскадата покрај реката Днепар и без која нејзината работа е незавршена, ќе чини над 1 милијарда евра.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, предупреди дека регионот има складишта за хемиски супстанции и ѓубрива за земјоделството, по што е познат регионот Херсон. Сега тие се влеваат во Црното Море и му се закануваат на целиот регион со сериозни последици. До морето се носат и долни седименти, од кои некои веројатно се опасни по здравјето на луѓето.

Властите во регионот Одеса веќе пријавија неколку намалувања на соленоста на Црното Море. Остатоци од поплавените градови пловат и по бреговите на Украина. Меѓу нив има и мини кои водата ги однесе од првата линија на фронтот.

По налог на Зеленски, се развива и механизам за обештетување на луѓето кои настрадаа од поплавата – за реставрација на станови и финансиска поддршка, додаде Шмихал во својата порака на „Телеграм“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП