3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен е јавниот долг на Србија

Зголемен е јавниот долг на Србија

belgrade

Јавниот долг на Србија на крајот на 2012 година изнесуваше 17,67 милијарди евра, што значи дека во текот на ланската година е зголемен за 2,89 милијарди евра. На крајот на декември 2012 година учеството на јавниот долг во српскиот БДП бил на ниво од 61,5 отсто.

Најголемиот дел од јавниот долг и натаму е во странски валути од кои најмногу се евра – 50,9 отсто, американски долари 22,8 отсто, динари 18,9 отсто, специјални права на влечење 5,6 отсто и останати валути 1,8 отсто.

Заклучно со 31 декември 2012 година, Србија ги отплати обврските во износ од 3,3 милијарди евра, од кои главници во износ од 2,7 милијарди и камати во износ од 0,6 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП