1 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАДоаѓа робот-готвач, може да здивнат оние кои не сакаат да готват

Доаѓа робот-готвач, може да здивнат оние кои не сакаат да готват

Истражувачки тим од Универзитетот во Кембриџ успеал да обучи робот да гледа видеа од подготовка на храна, да учи од нив, а потоа сам да прави оброци, пишува „TheNextWeb“. Благодарение на нив, луѓето кои не сакаат сами да подготвуваат храна, наскоро ќе можат да здивнат бидејќи готвачот-робот би можел да најде широка употреба.

Научниците сакаа да тестираат дали можат да обучат робот постепено да учи како да готви на ист начин како што тоа го прават луѓето, односно прво да ги идентификува состојките на јадењето, а потоа како тие да се подготвуваат.

За да го направат тоа, тие прво создадоа осум едноставни рецепти за салати, а потоа снимија видеа како ги подготвуваат. Тие потоа го обучија роботот да користи јавно достапна машинска невронска мрежа програмирана да идентификува различни предмети, вклучувајќи овошје и зеленчук.

На овој начин, готвачот робот ја анализирал секоја рамка од видеото, користејќи методи на машинско гледање. Се испостави дека роботот можел да ги идентификува не само состојките на садовите и кујнските алатки, туку и рецептите и постапките на готвачите од снимката. Рецептите и видеата потоа биле претворени во вектори и со помош на математички корелации, роботот препознал сличности помеѓу подготовката на храната и векторите.

За време на тренингот, роботот гледал вкупно 16 снимки и успеал да го идентификува точниот рецепт во 93 отсто од случаите, а препознал и варијации на рецепти и додавање на нова, деветта салата во меморијата.

Досега, успехот на роботот лежи во подготовката на помалку сложени јадења и разбирањето на полесни рецепти, додека видеото за готвење на социјалните мрежи сѐ уште е премногу сложено за него. Меѓутоа, како што роботот станува подобар и побрз при идентификувањето на состојките, наскоро може да користи посложени снимки од веб-страниците за готвење за да научи како да готви покомплицирани јадења со салати.

Како што вели истражувачкиот тим, има уште пречки кои треба да се надминат, но преку тестирање, тие успеале да докажат дека робот, како и луѓето, постепено може да научи да готви од демонстрација на видео.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП