4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКафето Робуста достигна највисока вредност од 2008-ма

Кафето Робуста достигна највисока вредност од 2008-ма

Цената на кафето Робуста ја достигна својата највисока точка од 2008-ма година, што им отежнува на купувачите кои сакаат да го добијат ароматичниот пијалок со кофеин по пониска цена.

Еден тон Робуста чини 2.724 долари, а претходните фјучерси за кафе пораснаа на 2.790 долари за тон – нивната највисока цена од потпишувањето на договорот за „Coffee C“ пред 15 години. Зрната кафе за испорака во септември се продаваат по премија од 91 долар за тон во текот на ноември, што е највисока досега.

Американскиот центар за предвидување на климата го потврди враќањето на временскиот феномен „Ел Нино“, кој се појавува нередовно во одредени временски интервали во Тихиот Океан. Синоптичарите веруваат дека оваа година ќе биде барем умерена, ако не и силна. Феноменот вообичаено создава потопли и посуви услови во главните региони каде што се одгледува Робуста, вклучувајќи ги Виетнам и Индонезија, и ги загрозува важните резерви.

„Залихите насекаде се многу ниски“, вели Кона Хак, шеф на истражување во „ED&F Man“. Бербата на кафето во Бразил е во тек и „пазарот ги турка цените до ниво што ќе ги охрабри Бразилците да извезуваат повеќе зрна Конилон“, вели таа. Кризата поради повисоките трошоци за живот ги тера потрошувачите и печениците да изберат различни мешавини наместо чиста арабика, која има поблаг вкус и повисока цена.

Како што производителите на кафе ја зголемуваат количината на Робуста во нивните мешавини, фармерите кои ја одгледуваат се борат да продолжат. Комбинацијата од повисоки трошоци за ѓубрива и суша е одговорна за намалените приноси. Ова ќе доведе до недостиг на кафе на светскиот пазар трета сезона по ред во 2023-2024 година.

Виетнам, најголемиот светски производител на Робуста, веројатно го собрал својот најмал род во последните четири години. Бразил, на второто место, се очекува да произведе 5% помалку оваа година, додека производството на Индонезија се предвидува да биде 20% послабо поради неповолните временски услови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП