28 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАApple ги менува полначите?

Apple ги менува полначите?

polnac

Компанијата „Apple“ во иднина би можела да биде приморана да се вклопи во калапот и да започне со производство на исти полначи за своите уреди, како оние кои ги користат конкурентските компании.

Членовите на Комитетот за заштита на потрошувачите гласаа за „microUSB“ полначите да бидат стандардни во индустријата. Тоа би можело да значи дека универзалните полначи ќе станат норма во Европа.

„Apple“ во меѓувреме продолжува со производство на своите уникатни полначи, кои неможе да се користат за полнење на уредите од другите компании.

Калифорнискиот технолошки гигант забележа успешна продажба на „iPhone“ – 5S и 5C во претходната недела, но се појавија проблеми со оперативниот систем „iOS7“, кои се однесуваат на безбедноста, а многу корисници се пожалиле дека почуствувале гадење кога го користат уредот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП