27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРечиси 80% од најголемите компании не го почитуваат договорот од Париз

Речиси 80% од најголемите компании не го почитуваат договорот од Париз

Огромното мнозинство од најголемите светски компании не направиле речиси ништо во изминатите пет години за да го намалат загадувањето на планетата доволно за да се избегнат катастрофални климатски промени.

Според новиот извештај на „ESG Book“, цитиран од „CNN“, големите компании или придонесуваат за екстремни нивоа на затоплување или воопшто не ги откриваат своите емисии на стакленички гасови.

Водечкиот обезбедувач на податоци за одржливост открива дека напорите на само 22% од 500-те најголеми јавни претпријатија во светот по пазарна вредност се во согласност со Парискиот договор, кој има за цел да го ограничи глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови над прединдустриските нивоа. Ова е благ пораст во однос на 18% во 2018-та година.

Климатолозите веруваат дека зголемувањето на просечната глобална температура за 1,5 степени е клучна точка на пресврт над која драстично може да се зголемат шансите за екстремни поплави, суша, шумски пожари и недостиг на храна. Во исто време, покажува студијата, темпото со кое речиси половина, или 45% од компаниите би довело до затоплување од најмалку 2,7 степени Целзиусови – катастрофално ниво што може да стави на ризик милијарди луѓе. Сепак, тоа е помало од 61% во 2018-та година.

„Податоците ни даваат јасна порака: треба да направиме повеќе и брзо. Без фундаментална промена во начинот на кој функционира глобалната економија, не е јасно како ќе видиме значителни промени“, коментираше извршниот директор на „ESG Book“, Даниел Клер.

Извештајот е последен во серијата докази дека светот не е на пат да ги исполни своите цели за климата. Во исто време, големите загадувачи како „Shell“ и „BP“ го свртуваат своето внимание на производството на фосилни горива по една година на високи профити, потпомогнати од зголемувањето на цените на нафтата и гасот, нагласува „СNN“.

Бавен напредок

 Во својата анализа, „ESG Book“ им доделува „температурни оценки“ на компаниите врз основа на јавно објавените податоци за емисиите и фактори како што се целите за намалување на емисиите за да се одреди придонесот на секоја компанија кон глобалните климатски цели.

Анализата опфаќа компании со пазарна вредност од најмалку 10 милијарди американски долари во САД, ОК, Кина, Индија и Европската унија, и ги известува за директните емисии од работењето, како и индиректните емисии од употребата на нивните производи. Ова е особено важно за нафтените и гасните компании, бидејќи најголем дел од нивните емисии се генерираат со согорување на производи како што се бензин и гориво за авиони.

Во Обединетото Кралство, Индија и ЕУ, бројот на компании со цели за намалување на емисиите во согласност со Парискиот договор едвај се промени од 2018-та година, додека напредокот во Соединетите Американски Држави и Кина е поголем, но од пониска појдовна основа.

Во Соединетите Држави, 20% од компаниите имаат воспоставено политики, за разлика од 11% во 2018-та година. Во Кина, 12% се приклучија на Парискиот договор, во споредба со само 3% пред пет години.

„Охрабрувачката работа е што знаеме кои лостови да ги повлечеме, а многу од овие компании сега се многу поактивни. Но, како што покажуваат податоците, не мора сите да се движиме со вистинското темпо“, изјави Клер за „CNN“.

Тој вели дека ќе биде потребна комбинација од построги владини политики, промени во однесувањето на потрошувачите и технолошки откритија за да се постигне значајна промена во сегашната климатска траекторија.

Институционалните инвеститори како што се пензиските фондови, исто така, да имаат важна улога во насочувањето на повеќе капитал кон обновливите технологии, инсистира тој.

И веќе има знаци дека овој готовински тек зема брзина. Според Меѓународната агенција за енергетика, инвестициите во сончевата енергија за прв пат оваа година ќе ги надминат инвестициите во производството на нафта. Сепак, нешто повеќе од 1 трилион долари се очекува да бидат инвестирани во нафта, гас и јаглен и во 2023-та година, што е многу над нивото кое одговара на светот што ќе постигне нето нула емисии до 2050-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП