ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза го објави Месечниот статистички билтен за мај 2023

Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за мај 2023

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.05 – 31.05.2023 година вкупниот промет изнесувал 378.559.120 денари и е намален за 62.26 отсто во однос на претходниот месец. 

Класичното тргување изнесувало 262.864.720 денари и е зголемено во однос на април за 5,78 отсто кога изнесувало 248.497.849 денари.

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 259.123.134 денари и обврзници во вредност од 3.741.586 денари.

Блок трансакциите за мај изнесувале 115.694.400 денари.

Бројот на трансакции во мај изнесувал 1.125 и е зголемен за 10,19 отсто во однос на април кога изнесувал 1.021.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за мај се на Комерцијална Банка АД Скопје, следи НЛБ Банка АД Скопје и третото место го зазема Алкалоид АД Скопје.

Месечниот статистички билтен за мај 2023 година можете да го погледнете тука.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП